На продажба 1.000 хектари државно земјиште

Bez autora
Jan 21 2014

Во општините Велес, Градско и Чашка годинава се планира да бидат продадени околу 1.000 хектари државно земјоделско земјиште. По која цена и кога ќе биде продадено земјиштето засега не се знае, но заинтересираните земјоделци навреме ќе бидат информирани. Во овие три општини Министерството за земјоделство досега под закуп има доделено 10.000 хектари обработливо земјоделско државно земјиште и има склучено 500 договори со индивидуални земјоделци. За годинава под закуп ќе бидат дадени уште 1.500 хектари државно земјоделско земјиште, рече Антонио Трајковски, раководител на подрачната единица.

На продажба 1.000 хектари државно земјиштеВо општините Велес, Градско и Чашка годинава се планира да бидат продадени околу 1.000 хектари државно земјоделско земјиште. По која цена и кога ќе биде продадено земјиштето засега не се знае, но заинтересираните земјоделци навреме ќе бидат информирани.

- Во овие три општини Министерството за земјоделство досега под закуп има доделено 10.000 хектари обработливо земјоделско државно земјиште и има склучено 500 договори со индивидуални земјоделци. За годинава под закуп ќе бидат дадени уште 1.500 хектари државно земјоделско земјиште, рече Антонио Трајковски, раководител на подрачната единица.

Во Велес досега се евидентирани 5.000 земјоделци кои аплицирале за субвенции по разни мерки од програмата за финансиска поддршка во земјоделството. За оваа година тие средства ќе изнесуваат 140 милиони евра. Од вкупниот број земјоделци 500 се регистрирани во ФПИО како индивидуални земјоделци кои редовно си го плаќаат пензиското и инвалидско осигурување.

Бројот на земјоделци во овие општини значително се зголеми по затворањето на поголем број фабрики во времето на транзицијата. Некогашни порцеланци, свиларци, топилничари, лозарци и други повторно се вратија на татковите ниви во напуштените села за да одгледуваат земјоделски култури и да си обезбедуваат егзистенција. Многумина од нив под закуп од државата зедоа земјиште, па така ги зголемија површините и станаа вистински производители на лебно жито, јачмен, потоа на градинарски култури, а немал број подигнаа лозови и овошни насади. Од подрачната единица рекоа дека интерес за купување државно земјиште постои и, што е поважно, со земањето под закуп во многу веќе заборавени села повторно се врати животот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik